Кандидатот на Демократската партија за претседател на САД, Џо Бајден, изјави дека е на пат да постигне изборна победа.

– Тука сум да ви кажам дека веруваме оти сме на добар пат да победиме на изборите – рече тој во обраќањето пред приврзаниците.

Шефот на неговиот предизборен штаб изрази уверување дека тие се на јасен пат до победата и дека Бајден ќе биде новиот претседател на Соединетите Американски Држави. Бајден истакна дека знае оти за победата ќе треба време, кое е неопходно за да се избројат сите гласови добиени по пошта. Тој додаде дека трпеливоста е неопходна додека не заврши напорната работа за броење гласови. Според него, изборите нема да бидат завршени сè додека не се избројат сите гласови.