Германската канцеларка Ангела Меркел моментно е во проштална посета на Белата куќа, во пресрет на нејзиното очекувано повлекување од функцијата наесен. Се очекува Меркел да го предаде „моралното лидерство на Западот“ на американскиот претседател кој верува во него, како што пренесува „Си-ен-ен“.

– Се истакнува улогата на Меркел во постојаното зацврстување на трансатлантското сојузништво уште од нејзиното стапување на функцијата во ноември 2005 година. Меркел за тоа време соработуваше со четворица американски и француски претседатели и петмина британски премиери. Таа ја издржа добата на екстреми и помогна во спасувањето на европскиот проект. Беше ставена тест за време на бегалската криза на Блискиот исток и руското анектирање на Крим. Брегзит ја вознемири, но Меркел повторно ги бранеше европските интереси, а за време на мандатот на Доналд Трамп, таа ја бранеше и американската демократија – наведува американската телевизиска мрежа.

„Си-ен-ен“ наведува и дека Меркел ќе му недостига на американскиот претседател Џо Бајден, земајќи ги предвид проблемите на Емануел Меркел на домашната сцена и излегувањето на Велика Британија од ЕУ. Особено кога повторно станува актуелно прашањето на поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер – на кого да му се јавам ако сакам да разговарам со Европа?