Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го заостри ставот кон Венецуела, Куба и Никарагва, за кои неговиот советник за национална безбедност Џон Болтон рече дека се „тираниска тројка“.
Болтон најави нови санкции за Венецуела и Куба, додавајќи дека САД ќе воведат дополнителни санкции и за Никарагва.
– Тие земји претставуваат деструктивни сили на угнетувањето, социјализмот и тоталитаризмот, истакна Болтон, додавајќи дека таа тројка „конечно наиде на тврд орев“ со оваа администрација.
Болтон изјавата ја даде во Мајами каде што живеат илјадници луѓе кои избегале од тие три земји.
Санкциите на САД против Венецуела забрануваат американски државјани да тргуваат злато од таа јужноамериканска земја, а на мерките против Куба се додадени уште некои имиња на постоечката „црна листа“.