Во главниот град на Бангладеш, Дака, во пожар загинаа најмаклу 78 луѓе. Бројката на жртви може да продолжи да се зголемува поради непристапноста на опожарените градби, пренесува „Роитерс“.
Голем број луѓе умираат секоја година во пожари кои се чести во сиромашните делови на Бангладеш.
– Досега најдовме 78 жртви, а бројката може да продолжи да расте – изјави Јулфикар Раман, директор на пожарникарната служба.
Раман изјави дека најмалку 50 луѓе биле хоспитализирани, а некои се во критична состојба. Огнот го гасеа околу 200 пожарникариво текот на пет часа. Причината за избувнатиот пожар биле запалливи материјали од магацин.