Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху (70) прогласи „голема победа“ во гласањето за лидер на партијата Ликуд.
Според податоците за партиските избори, тој победи убедливо и покрај фактот дека се соочува со обвиненија за корупција.
Откако избиралиштата се затворија, Нетанјаху прогласи победа на профилот на Твитер. Официјалните резултати се очекуваат во текот на денот.
-Со помош на Бога и вас, ќе го водам Ликуд до голема победа на претстојните изборите и ќе продолжам да ја водам државата Израел до невидено достигнување – напиша Нетанјаху.
Кандидатот на опозицијата, Гидеон Саар, го призна поразот и рече дека ќе го поддржи Нетанјаху на генералните избори во март.