Килауеа вулканот на Хаваите е во ерупција веќе седми ден. Експертите предупредуваат дека може ситуацијата да стане уште полоша и дека на Хаваите им се закануваат „огнени топки“.
Доколку лавата стигне до геометралната електрана, која е на патот на лавата и ако хемикалиите дојдат во контакт со неа, ќе се предизвикаат големи експлозии, а „огнените топки“, може да загрозат радиус од неколку километри, пренесува Индепендент.
Поради тоа властите наредија наредија итно преместување на десетици илјади галони од фабриката, а формиран е и итен кризен тим.
Геолошките експерти велат дека вулканот може да исфрла пепел и карпи тешки и по неколку тони. Евакуацијата на жителите се уште трае, а материјалната штета е огромна.
Поради пепелот и чадот ќе има огромна количина на токсични супстанции во воздухот кои може да предизвикаат гушење и труење на населението.
Гувернерот на Хаваи, Дејвид Иге побара од претседателот на САД, Доналд Трамп да прогласи состојба на катастрофа на тоа подрачје поради земјотресите и вулканските ерупции.
Иге посочи дека вчера на Хаваи се случила толку голема катастрофа што им е потребна директна федерална помош.
Се претпоставува дека трошоците за заштита на тамошното население во следните 30 година ќе изнесуваат над 2,9 милиони долари, а може да бидат и поголеми ако се укаже потреба за евакуација од големи размери по воздушен и морски пат.
Евакуацијата на населението почна минатата недела, откако лавата продре од пукнатина во земјата и уништи дваесетина куќи.