Едно лице загина, а неколкумина се повредени во вооружениот инцидент кој се случи утринава во трамвај во холандскиот град Утрехт.
Неколку часа по нападот, според локалната полиција, се слушнале истрели на неколку локации во градот. Истрели имало и во близина на џамијата во Утрехт.
Напаѓачот од трамвајот се уште не е уапсен.
Припадници на антитерористичката единица опколија една зграда под претпоставка дека таму се крие напаѓачот.
Поради нападот во Утрехт затворени муслиманските храмови, но и универзитетите и училиштата во другите холандски градови.
Претходно, портпаролот на холандската полиција Јост Ланшаге изјави дека најверојатно станува збор за терористички напад.