Американскиот претседател Џо Бајден на прес-конференција по состанокот со рускиот претседател Владимир Путин изјави дека неговата агенда не е против Русија, туку за американскиот народ. Бајден на почетокот на конференцијата рече дека ова е долг ден за сите.
– Само што го завршив последниот состанок на ова патување. Се крена голема прашина околу овој состанок. Нема подобар начин за дијалог од лице в лице. Му реков на претседателот Путин дека мојата агенда не е против Русија или некој друг. Таа е за американскиот народ.
Исто така му реков дека ниту еден претседател на САД не може да ја задржи довербата кај американскиот народ ако не се изјасни во одбрана на демократските вредности – рече Бајден, додавајќи дека неговиот фокус е борба против коронавирусот, обнова на американската економија и зајакнување на врските со сојузниците.
Американскиот претседате нагласи дека двајцата лидери имаат заедничка одговорност за воспоставување стабилни односи.
Бајден истакна дека ќе продолжи да инсистира на почитување на човековите права, што беше една од главните теми на самитот.
Рече дека се согласил со Путин за продолжување на дипломатијата за Украина во врска со договорите од Минск. Тој рече дека „не дека Путин не се согласува со она што се случило, туку тој има поинаква перспектива за тоа што треба да се направи“.
Патем, ниту еден руски медиум не беше поканет на прес-конференцијата на Бајден, додека бројни американски медиуми беа поканети на конференцијата на рускиот претседател Владимир Путин.