Според план-календарот на Федерацијата за коњички спортови на Македонија, утре со почеток во 11 часот на теренот на коњичкиот клуб Илинден во Хиподром (Маџари), ќе се одржат вториот и третиот Октомвриски коњички турнир од отвореното Првенство на Македонија во прескокнување на пречки за 2022 година. На програмата е шестото коло-финале во пет натпревари во прескокнување на пречки во класите А, Б, Ц, Д и дебитанти со височина на пречките 0,9 – 1.2 метри и широчина 1.40 метри.

В недела пак, во 11 часот на истиот терен ќе се одржи третото коло-финале од Купот на Македонија во прескокнување на пречки за годинава. На програмата се четири натпревари во прескокнување на пречки во класите А, Б, Ц и дебитанти со височина на пречките од 1,05 – 1.2 метри и широчина од 1.40 метри.

Г.И.