ЏУДО – ТУРНИР ВО АЛЕКСИНАЦ

Сестрите Теа и Теона Настоски, членки на џудо-клубот Сеишин од Прилеп, постигнаа забележителен успех, освојувајќи злато и бронза на меѓународниот турнир во српскиот град Алексинац. Со злато се закити Теа (категорија до 40 кг), а Теона освои бронза (категорија до 44 кг), и двете во кадетска конкуренција. На турнирот учествуваа 420 натпреварувачи од 55 клуба од седум држави, а Сеишин настапи со шест кадетски претставници. Со ова учество во Алексинац, прилепскиот клуб ја почна втората полусезона на натпреварувања на меѓународната џудо-сцена. Г.И.