Фото: ЕПА

НА ЛОИ 2024

Во девет од екипните спортови на Летните олимписки игри (ЛОИ) годинава во Париз (Франција), 15 актуелни шампиони ќе ги бранат златните медали освоени на Игрите во Токио (Јапонија), одржани во 2021 година, а две уште имаат шанси низ квалификациите. Машката фудбалска репрезентација на Бразил нема да има можност да освои нова титула, откако неодамна не се пласира низ квалификацискиот турнир. Шанси за олимписки титули во низа ќе имаат Канада (фудбал за жени), САД во кошарка (мажи и жени), одбојка, ватерполо, баскет 3х3 и во одбојка на плажа (четирите за жени), Франција во ракомет (мажи и жени) и во одбојка (мажи), Србија во ватерполо (мажи), Белгија (мажи) и Холандија (жени) во хокеј, а Фиџи (мажи) и Нов Зеланд (жени) во рагби. Машките репрезентации на Летонија во баскет 3х3 и на Норвешка во одбојка на плажа, кои ги освоија златните медали на ЛОИ 2020 во Токио, уште имаат шанси да се пласираат на Летните олимписки игри во Париз, низ претстојните квалификации. Н.М.