Фото: Маја Јаневска-Илиева

КАЈАК

На Матка денеска и утре по 55. пат ќе се одржи традиционалното меѓународно издание на Илинденскиот кајак-слалом, ИКАС 2024, во организација на Кајакарската федерација на Македонија и во соработка со Градскиот кајакарски сојуз како технички организатор.
– Македонија и пошироко во Европа, во сите свои досегашни изданија има угостено олимписки, светски и европски шампиони, а патеката Матка во изминатите 18 години беше домаќин на четири европски првенства во кајак-слалом и спуст, а во периодот од 2014 до 2023 година беше домаќин на едно од шесте кола од Европскиот куп во спуст. Натпреварите е предвидено да се одржат во два дена. Денеска се квалификациите (10.30 ч.), а утре се полуфиналните и финалните трки (10.30 ч.). Натпреварувачите се веќе пристигнати и во текот на неделава имаа по два тренинга дневно. По неколку години пауза, поради пандемијата на ковид-19, годинава повторно во соработка со Европската кајак-асоцијација се организира тренинг-камп за млади кајакари, кои наедно ќе бидат и дел од натпреварите на ИКАС 2024. Ќе настапат 80 натпреварувачи од шест држави што досега се притиснати (Македонија, Грција, Србија, БиХ, Романија и Турција). Како дел од нив се македонскиот најдобар натпреварувач Ангел Петрушев, победникот на минатогодишниот ИКАС, Милош Јевтиќ (Србија), Марко Ѓорѓевиќ (Србија), Ачар Мустафа Арда (Турција), Зисекас Панајотис и Тројанис Каралампос (Грција), Стефан Рибарски (Македонија). Од 2 до 12 ју­ли 2025 година Ма­тка ќе би­де до­ма­ќин и на Европ­ски­те олим­пи­ски игри за ју­ни­о­ри во сла­лом – ин­фор­ми­ра­ат од Ка­ја­кар­ска­та фе­де­ра­ци­ја на Ма­ке­до­ни­ја. Г.И.