На падините на Пелистер, на патеката од Копанки до детското одморалиште, во организација на клубот Екстрим бајк од Битола се одржаа финалните трки на десеттиот
по ред Пелистер Даунхил Куп, на кој учество зедоа рекорден број на учесници од 84 домашни и странски велосипедисти.

Велосипедистите кои возат во ридско планински услови беа воодушевени од условите кои ги нуди Пелистер за овој спорт. Тие кои возат во ридско-планински услови се
натпреваруваа во шест категории, а за првпат имаше категорија во која се натпреваруваа припадничките на понежниот пол.

Поддржувач на овој адреналински настан беше општина Битола, а на возачите со најдобри времиња, градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски им
додели награди, честитајќи им ја победата.

Коњановски нагласи дека Пелистер има одлични услови за современите спортови, а локалната самоуправа и натаму ќе биде нивен поддржувач.

Во категоријата елита, најдобро време имаше Андреас Теодору од Кипар, во категоријата хоби Кристијан Угриновски од Македонија, кај јуниорите најдобар беше 15
годишниот Марко Ламарис од Грција, во категоријата мастер Јовче Даскаловски од Македонија, во мини јуниори Георги Атанасов од Бугарија и кај жените со најдобро време беше Гркинката Евелина Зафеири. М.М.