Пр­ви­от од три­те тур­ни­ри на гран­при-се­ри­ја­та на Свет­ска­та ша­хов­ска фе­де­ра­ци­ја (ФИДЕ) за 2022 го­ди­на поч­на попладнево во Бер­лин, и ќе трае до 17 фе­вру­а­ри. Турнири­те ќе се игра­ат и во Бел­град (во април) и уште ед­наш во Бер­лин. Ќе на­ста­пат 24 ве­ле­мај­сто­ри, кои ќе игра­ат на два од три тур­ни­ри. Пр­ви­те двајца од оваа се­ри­ја турнири ќе би­дат и пос­лед­ни­те ша­хи­сти што ќе се ква­ли­фи­ку­ва­ат за Тур­ни­рот на кандида­ти­те за пре­диз­ви­ку­вач на свет­ски­от пр­вак, кој ќе се одр­жи во ју­ни во Ма­дрид. По­бед­ни­кот на тој тур­нир ќе го пре­диз­ви­ка свет­ски­от пр­вак, Норвежанецот Маг­нус Карл­сен во меечот за ти­ту­ла­та во 2023 го­ди­на.

– Офи­ци­јал­но ја отво­ра­ме гран­при-се­ри­ја­та на ФИДЕ 2022 го­ди­на, ор­га­ни­зи­ра­на од Свет­ски­от шах. Се­ри­ја­та поч­ну­ва во Бер­лин, град поз­нат по сво­ја­та сил­на ша­хов­ска кул­ту­ра. Се на­де­ва­ме де­ка про­ме­ни­те во фор­ма­тот ќе ги на­пра­ват пар­ти­те уште повозбуд­ли­ви за си­те љу­би­те­ли на ша­хот – ре­че пре­тсе­да­те­лот на ФИДЕ, Ар­ка­диј Дворко­вич.

Овој ино­ва­ти­вен при­стап е нов за ша­хов­ски­от свет, но мно­гу сли­чен на Су­пер­ли­га­та, од­нос­но во пр­ва­та фа­за има че­ти­ри гру­пи со по че­ти­ри ша­хи­сти, а по­бед­ни­кот од се­ко­ја гру­па оди во по­лу­фи­на­ле­то. До­се­га плас­ман на Тур­ни­рот на кан­ди­да­ти­те обез­бе­ди­ја Русинот Јан Не­пом­ни­јаш­чи, Азербејџанецот Ти­мур Ра­џа­бов, Полјакот Јан Кши­штоф-Дуда, Русинот Сер­геј Кар­ја­кин, Французинот Али­ре­за Фи­руз­ја и Американецот Фа­би­ја­но Ка­ру­а­на.

Учес­ни­ци на пр­ви­от тур­нир се Але­ксан­дар Гриш­чук, Хи­ка­ру На­ка­му­ра, Ан­дреј Еси­пен­ко, Ет­јен Ба­кро (гру­па А), Ра­дос­лав Вој­та­шек, Ри­чард Ра­порт, Вла­ди­мир Фе­до­се­ев, Гри­го­риј Опа­рин (гру­па Б), Ле­вон Аро­ни­јан, Ви­дит Гу­јра­ти, Да­ни­ил Ду­бов, Вин­сент Кеј­мер (гру­па Ц), Вес­ли Со, Ле­ни­ер До­мин­гез, Пен­та­ла Ха­ри­криш­на и Але­ксеј Ши­ров (гру­па Д). Г.И.