АТЛЕТИКА – ДИЈАМАНТСКА ЛИГА

Украинската атлетичарка во скок во височина и актуелна светска шампионка, Јарослава Махучик (22), постави нов светски рекорд, откако на митингот од Дијамантската лига одржан во Париз (Франција) прескокна 2,10 метри. Пред овој настап нејзиниот личен рекорд беше 2,07 метри. Досегашниот рекорд од 2.09 метри беше стар 37 години, а беше во сопственост на Бугарката Стефка Костадинова.

Нов светски рекорд во Париз беше виден и во трката на 1.500 метри, а го постави двократната олимписка и светска шампионка, Кенијката Фејт Кипјегон (30), со време од 3:49,04 минути. Досегашниот рекорд (3:49,11 минути), исто така, беше во нејзина сопственост, а го оствари во јуни минатата година. Г.И