Три одликувани проблеми на Гавриловски

СК ВО КОМПОНИРАЊЕ ШАХОВСКИ ПРОБЛЕМИ 2022

На 10. Светски куп (СК) на Светската шаховска федерација (ФИДЕ), македонскиот велемајстор (ВМ) за шаховски композиции Зоран Гавриловски освои одликувања во три од осумте групи. Во групата матови во четири и повеќе потези (во која Гавриловски беше четвртопласиран на Поединечното светско првенство во компонирање 2019-2021) учествуваа 45 проблемисти, а Гавриловски освои четврто почесно признание (осмо место), а првата награда ја освои светскиот вицешампион за повеќе потези, Михаил Марандјук од Украина. Во групата три потези, во која учествуваа 35 проблемисти, Гавриловски освои една од трите пофалби без редослед (седмо-деветто место), а првата награда му припадна на светскиот првак за три потези Александр Кузовков од Русија.
Гавриловски во групата самоматови (во која е вицешампион на последните две поединечни СП во компонирање 2016-2018 и 2019-2021) со освоеното петто почесно признание беше десетти меѓу 29 проблемисти, а победи Генадиј Козјура од Украина (кој на поединечното СП во компонирање 2019-2021 беше третопласиран во оваа група). На 10. СК учествуваше и македонскиот интернационален мајстор (ИМ) Златко Михајлоски, но неговиот помошен мат не беше одликуван. Г.И.

Зоран Гавриловски,

4. почесно признание Светски куп на ФИДЕ 2022

Мат во четири потези
1.Дц7? (2.е4+) Тд8!, 1.Дф7? (2.Дф3#) г1С!
1.Дд7! (2.е4+ Кд4+ 3.е5+ Кд5 4.Д:д6#)
1…Сц8 2.Сг4! Кд4+ 3.Се5+ Кд5 4.Д:ц6#
1…Тд8 2.Се4! Кд4+ 3.Сц5+ Кд5 4.Д:е6#
1…Т:б3 2.Тд4+! К:д4 3.Д:д6+ Кц4 4.Дц5#