РАКОМЕТ – МЕМОРИЈАЛ „МАРКО БОЖИНОВСКИ“
Кадетите на Алкалоид го одбранија трофејот

Кадетската екипа на Алкалоид триумфира на третиот меморијален ракометен турнир „Марко Божиновски“, кој во чест на прерано починатиот млад македонски ракометар и репрезентативец третпат се одржа во скопската населба Ново Лисиче. Алкалоид, кој го одбрани трофејот од минатата година, славеше на дуелите со Морнар, Струга и со Бутел, а во финалето по голема и неизвесна борба, со 28-27, го совладаа Коњух од БиХ. Третото место му припадна на битолски Еурофарм Пелистер, кој со 39-30 го победи црногорскиот претставник Морнар. На првото издание славеа ракометарите на хрватски Нексе.
Годинава на меморијалот учествуваа и екипите на Одорхеи од Романија и Вардар, а тимовите беа поделени во две групи. За најдобар стрелец е прогласен Данило Бутиќ од Морнар, најдобар голман е Амел Мухавдиќ од Коњух, а најкорисен играч (МВП) е Мартин Крстевски од Алкалоид. За најдобро лево крило, позиција на која играше Марко Божиновски, е избран Марко Димовски од Еурофарм Пелистер. Г.И.


Мората е 11-ти фудбалер што е стрелец на барем три ЕП

Алваро Мората со погодокот на дуелот со Хрватска на годинашното Европско првенство во Германија (ЕП) стана 11-от фудбалер што постигнал голови на барем три европски шампионати. Тој ја тресеше мрежата и на ЕП 2016 и на ЕП 2020. Од актуелните фудбалери што играат на ЕП 2024, Роберт Левандовски (Полска) и Лука Модриќ (Хрватска) имаат можност да се издвојат како фудбалери со погодоци на по четири ЕП, според податоците на Европската фудбалска унија (УЕФА). Засега Кристијано Роналдо е единствен што постигнувал голови на пет европски првенства (погодуваше на ЕП во 2004, 2008, 2012, 2016 и во 2021 година). Вкупно 63 играчи постигнале барем еден гол на повеќе од едно ЕП, пишува УЕФА, заклучно со мечевите во неделата. Н.М.

ЕП 2024, РЕЗУЛТАТИ, ДВОЈКИ

Група А
Германија – Шкотска 5-1
Унгарија – Швајцарија 1-3
Германија – Унгарија утре, 18 ч.
Шкотска – Швајцарија утре, 21 ч.

Група Б
Шпанија – Хрватска 3-0
Италија – Албанија 2-1
Хрватска – Албанија утре, 15 ч.
Шпанија – Италија четврток, 21 ч.

Група Ц
Словенија – Данска 1-1
Србија – Англија 0-1
Словенија – Србија четврток, 15 ч.
Данска – Англија четврток, 18 ч.

Група Д
Полска – Холандија 1-2
Австрија – Франција вчера
Полска – Австрија петок, 18 ч.
Холандија – Франција петок, 21 ч.

Група Е
Романија – Украина вчера
Белгија – Словачка вчера
Словачка – Украина петок, 15 ч.
Белгија – Романија сабота, 21 ч.

Група Ф
Турција – Грузија 18 ч.
Португалија – Чешка 21 ч.
Грузија – Чешка сабота, 15 ч.
Турција – Португалија сабота, 18 ч.