ВЕТЕРАНСКИ ШАХОВСКИ ФЕСТИВАЛ
Две големи изненадувања го одбележаа првото коло од предвидените седум на третиот и последен турнир од шаховски фестивал „Незаборав за хероите“, кој се одржуваат во чест на јубилејот 80 години од ослободувањето на Скопје, на 13 ноември, и на кои можат да настапат само шахисти што не се помлади од 60 години. Според играчкиот рејтинг за тоа се погрижија Лазо Спасовски (1.836), кој со црни фигури го победи Тодор Андонов (2.119, рангиран втор пред почетокот), и Слободан Цветковски, кој како „бел“ успеа да ремизира со искусниот ФИДЕ-мајстор (ФМ) Љубомир Илиќ (2.073, рангиран трет). Во конкуренција на 16 шахисти ветерани, победникот ќе биде прогласен по седмото коло. Секој ден со почеток од 11 часот, во просториите на ШК Алкалоид, се игра по едно коло со временско темпо од еден час, плус триесет секунди за секој потег по играч. Сите три турнири, кои се во организација на здружението ШКВ Скопје 72, ќе се сметаат за официјални ветерански првенства на Скопје за 2024 година, победниците ќе бидат прваци во своите категории и ќе добијат пехар, а првите тројца и признанија. Г.И.
Резултати 1. коло: Зоран Јовановски (1.854) – ФМ Јани Богоевски (2.160) 0-1, Тодор Андонов (2.119) – Лазо Спасовски (1.836) 0-1, Слободан Цветковски (1.737) – ФМ Љубомир Илиќ (2.073) реми, ФМ Александар Кралевски (2.015) – Томислав Голубовиќ (1.705) 1-0, Иле Кромов (1.693) – Илија Стошевски (2.015) 0-1, Атанас Ташевски (1.960) – Борислав Ахчиев (1.690) 1-0, Никола Топалов (1.668) – ФМ Љубомир Хаџи-Манев (1.951) 0-1, Миле Трајковски (1.917) – Ванчо Томов 1-0.