Фото: Пиксабеј

ТЕНИС – ГРАНСЛЕМ-ТУРНИР ВИМБЛДОН

Американецот Бен Шелтон (21) стана сопственик на најбрзиот сервис во историјата на тенискиот гранслем-турнир Вимблдон. Во триумфот над Денис Шаповалов, неговото топче при сервисот достигна брзина од 246,2 км на час, што е деветти најбрз сервис во историјата на тенисот, а најбрз досега на Вимблдон. Рекордер и понатаму е Австралиецот Сем Грот, со сервис со брзина од 263,4 км на час.
– Свесен сум дека не смеам да ја форсирам раката и постојано да сервирам максимално. Затоа настојувам да ја менувам брзината и штедам максимална моќност само за најважните поени – вели Шелтон, 14-от тенисер во светот по напорниот меч.
Тој го победи Канаѓанецот Денис Шаповалов (121. во светот) со 3-2 (6-7, 6-2, 6-4, 4-6, 6-2).
– Има многу работи што ми се допаѓаат во петте сета. Тоа е неверојатна физичка проверка што овозможува различни тактички опции. Тоа е натпревар во натпревар – вели Шелтон. Г.И.