Фото: Маја Јаневска-Илиева

Партијата заврши кога на таблата останаа само кралевите на двата велемајстора

ШАХ – 20. ПОЕДИНЕЧНО ЕП ВО ЦРНА ГОРА

Македонскиот велемајстор (ВМ) Евгени Романов (2.584 рејтинг-поени, рангиран 54-ти пред почетокот на турнирот) на 24-то поединечно Европско првенство (ЕП) во шах во Петровац (Црна Гора), во третото коло освои значаен половина поен, ремизирајќи како „бел“ со првиот фаворит на ова ЕП, ВМ од Словенија, Владимир Федосеев (2.712). Партијата по голема борба заврши со реми во 81-от потег, кога на таблата останаа само кралевите на двата велемајстора.
Во четвртото коло од предвидените вкупно 11, Романов вчера со црни фигури играше со интернационалниот мајстор (ИМ) од Романија, Јегор Лашкин (рејтинг 2.518, рангиран 93-ти).
По три кола Романов е на делба од 11-то до 59-то место, 29-ти според дополнителниот критериум, со 2,5 поена. Вкупно 10 шахисти остварија по три победи.
Шахистите играат за титулата европски шампион во шах и за 20 квалификациски места за Светскиот куп во шах Светската шаховска федерација (ФИДЕ) за 2025 година, пишува Европската шаховска унија на својата интернет-страница.
На ЕП 2024 настапуваат вкупно 388 шахисти од 42 држави. Г.И.