ШАХ – СКОПЈЕ ОПЕН 2023
Со партиите од првото коло (од предвидените девет) почна годинашниов традиционален меѓународен шаховски турнир „Скопје опен 2023“, со учество на рекордни 297 шахисти (14 велемајстори) од 21 држава, од кои 128 на А-турнирот (играчи со најмалку 2.000 рејтинг-поени) и 169 на Б-турнирот (до 2.000 рејтинг-поени). Турнирот е и прво официјално Балканско поединечно првенство, во машка и во женска конкуренција. На турнирот има шахисти од Македонија (156), Турција (30), Србија (21), Црна Гора (16), Грција (15), Бугарија (12), Косово (9), Германија (6), Франција (4), Романија, Азербејџан, Белгија (по тројца), БиХ, Словачка, Ирска (по двајца), Хрватска, Украина, Индија, Шпанија, Холандија, Туркменистан (по еден).
Резултати А-турнир: ВМ Елтај Сафарли (Азербејџан, 2.609, рангиран прв пред турнирот) – Марко Ивановиќ (Србија, 2.302, 34.) 1-0, ВМ Евгениј Романов (Норвешка, 2.561, втор) – ФМ Андреј Велјаноски (Македонија, 2.300, 35.) 1-0, ВМ Виталиј Бернадскиј (Украина, 2.558, трет) – Љубомир Данов (Бугарија, 2.297, 36.) 1-0, Матје Пурке (Франција, 2.267, 38.) – ВМ Никола Ѓукиќ (Црна Гора, 2.518, петти) реми… Македонските шахисти на А-турнирот забележаа осум победи, шест ремија и 15 порази, ИМ Тони Лазов (2.404, 15.) – Мухамет Аслани (Косово, 2.203, 47.) реми, ВМ Звонко Станојоски (2.392, 18.) – Тодор Андонов (2.191) 1-0, ИМ Никола Николовски (2.389, 19.) – ЖИМ Триша Канјамарала (Ирска 2.184) 1-0, Георги Петров (2.106, 66.) – Ивана Манова (1.950, 98.) 1-0, Моника Жежовска (1.826, 110.) – Ивајло Кирилов (Бугарија, 2.054, 79.) реми, Илија Стошевски (2.011, 90.) – Евагелија Сискоу (Грција, 1.703, 121.) 1-0, Стојан Велкоски (2.035, 85.) – Вук Ќирковиќ (Србија, 1.748, 116.) 1-0, Леонид Петрески (2.077, 73.) – ЖФМ Петја Караиванова (Бугарија, 1.860, 105.) 1-0, Теодор Јовановски (2.102, 68.) – Горкем Унсал (Турција, 1.916, 100.) 1-0, Матео Ефтовски (1976, 95.) – Инџи Ајрадиноска (1.585, 126.) 1-0, Горан Главинац (2.034, 86.) – Кирил Николовски (1.740, 117.) 1-0, Емил Жежов (1.665, 123.) -Атанас Ташевски (2.005, 92.) 1-0… Г.И.