Фото: ЕПА

ВО ПРЕСРЕТ НА ЛОИ 2024 ВО ПАРИЗ

Kлучевите од Олимпиското село за Летните олимписки игрите (ЛОИ) во Париз годинава и официјално им беа предадени на организаторите на Игрите. Олимпиското село од 52 хектари, северно од Париз, ќе им биде домаќин на околу 14.500 спортисти и други, како и на 9.000 спортисти за време на Параолимписките игри.
По Летните олимписки игри и Параолимписките игри, селото ќе се трансформира во еколошки кварт со 6.000 жители и со две училишта, хотел, јавен парк, продавници и канцеларии, плус засадени површини за пешаците и немоторни возила, јави агенцијата „Ројтерс“.
Николас Феран, генералниот директор на компанијата задолжена за инфраструктурата на ЛОИ 2024, му предаде симболичен клуч од селото на претседателот на ЛОИ 2024, Тони Естанге. Г.И.