ЏУДО

Македонската џудо-репрезентација за ветерани постигна голем успех освојувајќи пет медали на Отвореното меѓународно првенство за ветерани, кое се одржа во босанскиот град Шипово. На првенството настапија натпреварувачи од Србија, Хрватска, Унгарија, Австрија, Македонија, Босна и Херцеговина и Република Српска.
Со злато се закитија Киро Здравески и Златко Кочевски, со сребро Мартин Ристески и Никола Божиновски, додека бронзен медал освои Сашо Димовски. Овој настап истовремено беше убава можност македонските џудо-ветерани, предводени од селекторот Киро Здравески, уште еднаш да ги покажат своите вештини во силна меѓународна конкуренција.
Покрај отвореното меѓународно првенство во Шипово, беше одржан и меѓународен џудо тренинг-камп, на кој учествуваше и петчлената македонска репрезентација, која настапи претходно на турнирот. Г.И.