Лазов, Панчевски и Станојоски (од лево кон десно)

Шах – меморијален турнир „Венци Попов“

Ин­тер­на­ци­о­нал­ни­от мај­стор (ИМ) и акту­е­лен се­ни­ор­ски шам­пи­он на Ма­ке­до­ни­ја, Фи­лип Пан­чев­ски (2.473 реј­тинг-по­е­ни), убед­ли­во по­бееди на меѓународниот ме­мо­ри­јале­н турнир во брз шах „Вен­ци По­пов“, кој во чест на истак­на­ти­от ма­ке­дон­ски и ге­вге­ли­ски ша­хист, се оди­гра во Не­гор­ски Ба­њи, во ор­га­ни­за­ци­ја на фа­ми­ли­ја­та По­по­ви и ШК 7 Но­ем­ври од Ге­вге­ли­ја.

Во кон­ку­рен­ци­ја на 80 ша­хи­сти (три ВМ, три ИМ, пет ФМ) од Ма­ке­до­ни­ја (74), Гр­ци­ја (2) и од Бу­га­ри­ја (4), по 13 оди­гра­ни ко­ла (со тем­по од пет ми­ну­ти плус три се­кун­ди за се­кој по­тег по играч), Пан­чев­ски освои им­пре­сив­ни 12 по­е­ни (12 по­бе­ди и еден по­раз) и нови 28,4 поени. Втор е мла­ди­от ИМ То­ни Ла­зов (2.321) со 10 по­е­ни (тој единс­тве­но го по­бе­ди Пан­чев­ски н.з.), до­де­ка трет е искус­ни­от ВМ Звон­ко Ста­но­јо­ски (2.364) со 9,5 по­е­ни, си­те трој­ца чле­но­ви на ШК Ал­ка­ло­ид од Скоп­је. Вкуп­ни­от па­ри­чен на­гра­ден фонд (по­де­лен на 11 на­гра­ди) из­не­су­ва­ше 55.000 де­на­ри, а по­бед­ни­кот освои пе­хар и 12.000 де­на­ри.

ТАБЕЛА: ИМ Филип Пан­чев­ски (2.356) 12, ИМ Тони Ла­зов (2.321) 10, ВМ Звонко Станојо­ски (2.364) 9,5, Жарко Жарко Ми­тков­ски (2.150), ФМ Дејан Ди­нев (2.137), Дејан Ѓор­ѓи­е­ски (2.137), ФМ Александар Кра­лев­ски (2.203), си­те по де­вет, ФМ Љубиша Ан­до­нов­ски (2.221), ФМ Емил Ри­сте­ски (2.070), Андреј Вел­ја­но­ски (1.918), Стојанчо Дим­ков­ски (1.946), Филип Ми­хов (2.183), си­те со по 8,5 поени итн. Г.И.