Спринт-сензацијата Томпсон-Хера постигна историски „дабл дабл“ на ЛОИ во Токио и стана првата жена во историјата што успешно ги одбранила титулите во трките на 100 и на 200 метри на ЛОИ, а Ферстапен ја обезбеди својата прва титула во Формула 1 по возбудливата сезона

ИЗБРАНИ НАЈДОБРИТЕ СПОРТИСТИ ЗА 2021 ГОДИНА

Светските спортски награди „лауреус“ ги слават најдобрите достигнувања во спортот во една година, а признанијата за 2021 година ги добија Елејн Томпсон-Хера и Макс Ферстапен за спортистка и за спортист, а великанот на НФЛ (лига во американски фудбал) Том Брејди ја доби наградата за животно дело, пред неговата 23-та сезона како професионалец.
Спринт-сензацијата Томпсон-Хера беше прогласена за светска спортистка на годината за постигнатиот историски „дабл дабл“ на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио лани, со што стана првата жена во историјата што успешно ги одбранила титулите во трките на 100 и на 200 метри на ЛОИ. Ферстапен ја обезбеди својата прва титула во Формула 1 по возбудливата сезона. Брејди, кој нашироко се смета за најдобар квотербек на сите времиња, освои рекордни седум титули на т.н. Супербоул. Ѕвездата на Тампа беј замина во пензија во февруари, но еден месец подоцна најави дека ќе продолжи да игра.
Тим на годината е фудбалската репрезентација на Италија. Скај Браун ја освои наградата за враќање на годината, откако закрепна повредата во 2020 година, за да освои бронза со скејтборд на ЛОИ. Бет Шрајвер беше прогласена за светска акциска спортистка на годината откако стана првата британска златна медалистка во BMX.
Напаѓачот на германскиот првак Баерн и на фудбалската репрезентација на Полска, Роберт Левандовски ја освои наградата за исклучително достигнување. Тој постави рекорд во германската Бундес-лига со 41 гол во една сезона, надминувајќи го 49-годишниот рекорд на Герд Милер итн.