Фото: ЕПА

ТЕНИС – ТУРНИР ВО ИНДИЈАН ВЕЛС

Со првите мечеви утре почнува првиот годинашен мастерс-турнир од серијата 1.000 за тенисери, за кој, по одредувањето на носителите, на една страна од ждрепката се првиот носител Новак Ѓоковиќ, Данил Медведев, Тејлор Фриц, Каспер Руд, Холгер Руне…, а на другата се Карлос Алкараз, Јаник Синер, Феликс Ожер-Алиасим, Александер Зверев, Андреј Рублев, Енди Мареј… Сите носители се слободни во првото коло.
Рафаел Надал, за кого ова е втор турнир годинава, во првото коло ќе се сретне со Милош Раониќ, а победникот во второто коло ќе игра со Руне. Првиот турнир во Индијан Велс е одигран во 1974 година, најмногу титули освоија Ѓоковиќ и Роже Федерер, по пет, а титулата од лани ја брани Алкараз.
На турнирот за тенисерки прва носителка е Ига Швјонтек (победничка на овој турнир во 2022 година), која е во иста половина од ждрепката со ланската победничка во Индијан Велс, Елена Рибакина, и со шампионката од 2021 година, Паула Бадоса. Н.М.