Шпанскиот тенисер Рафаел Надал по една година пауза се врати на турнирот во австралиски Бризбејн, каде што загуби од Џордан Томпсон во четврт-финалето, при што се здоби со повреда поради која ќе го пропушти гранслемот Австралија опен.
– За време на мојот последен натпревар во Бризбејн имав мал проблем со мускулот кој како што знаете ме загрижи. Кога стигнав во Мелбурн имав преглед и беше забележана микроисеченица на мускулот, но не на истиот предел каде што имав повреда и тоа е добра вест. Во моментов не сум подготвен да се натпреварувам на највисоко ниво во натпревари во три сета. Летам назад во Шпанија за да се лекувам и да се одморам – напиша Надал на социјалните мрежи.
Тој изрази жалење што нема да игра на гранслем-турнирот во Мелбурн.
– Работев напорно во текот на годината за овој камбек и како што отсекогаш спомнував, мојата цел е да бидам најдобар за три месеци. Навистина сакав да играм овде во Австралија и имав можност да одиграм неколку натпревари кои ме направија среќен и позитивен. Ви благодарам на сите за вашето поддршка и се гледаме наскоро – порача Надал.