Моника Жежовска

ШАХ – ПО СЕДУМ КОЛА НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО

Машката репрезентација на Македонија (2.401, рангирана на 32-то место пред почетокот на турнирот) во седмото коло ја оствари третата победа на Европското првенство (ЕП) во шах во Будва, совладувајќи го Косово (2.299, рангирано на 37-то место) со 3-1, откако во претходното коло загуби со 1,5-2,5 од Данска (2.575, рангирана 20-та). Македонија по седум кола е на 27-то место со шест бода (12,5 поени по табли) од 38 селекции, а вчера, во претпоследното коло на ЕП 2023, играше со Турција (2.592, рангирана 26-та).
Македонската женска репрезентација (1.919, рангирана на 32-то место), по ремито во претходното коло со Исланд (2.074, рангиран на 27-то место), во седмото коло го претрпе четвртиот пораз, овој пат со 0,5-3,5 од Словенија (2.240, рангирана 18-та). Моментно Македонките се на 28-то место со пет бода (осум по табли) меѓу 32 селекции. Во вчерашното коло играа со Норвешка (2.038, рангирана 30-та).
Кај мажите врвот не го дава Германија (рангирана трета пред ЕП), пред Англија (четврта) и Србија (10-та), сите со по 11 бода, но Германците со најдобар дополнителен критериум. Кај жените во водство изби Бугарија (рангирана петта) со 12 бода, пред Франција (шеста) со 11 бода (19,5 по табли) и Азербејџан (втор), исто така со 11 бода (17). Г.И.