Фото: Маја Јаневска-Илиева

Македонските одбојкари остварија убедлива победа над Црна Гора од 3-0 (25-22, 25-18 и 25-20 по сетови), вечерва во СЦ „Борис Трајковски во Скопје, со што се доближија до пласман меѓу најдобрите 16 селекции на Европското првенство. Избраниците на Јошко Миленкоски претходно беа убедливи и против Данска со резултат 3-0.

Македонската селекција вечерва ја предводеа капитенот Никола Ѓоргиев со 20 поени и Александар Љафтов со 14.

Македонија утре ќе игра со водечката селекција на ранг-листата на Светската одбојкарска федерација (ФИВБ), Полска, потоа со Холандија (вторник) и со Чешка (среда). Сите мечеви црвено-жолтите ќе ги играат од 20 часот, освен со Холандија (17 ч.).