Селекторот Кузмановски со еден од адутите за медал Костовска

Балканското првенство од 22 до 24 септември ќе претставува увертира и нов предизвик за македонското карате како најтрофеен спорт пред настапот на СП, вели селекторот во борби Кузмановски. Македонското карате досега на светските првенства освои два медала (бронзен на Жарко Арсовски на СП 2010 и сребрен на Емил Павлов на СП 2021)

ОДРЕДЕН Е СОСТАВОТ ЗА МУНДИЈАЛОТ ВО БУДИМПЕШТА

На претстојното Светско првенство (СП) во карате, кое треба да се одржи во Будимпешта (Унгарија, од 24 до 29 октомври), боите на репрезентацијата на Македонија ќе ги бранат вкупно 12 каратисти, од кои двајца ќе настапат во дисциплината кати, а 10 во борби.
Тоа е епилогот од Купот Македонија и од плејофот, кои го одлучија репрезентативниот состав што ќе настапи на Мундијалот во Будимпешта. Сениорите во борби ќе ги предводи селекторот Александар Кузмановски, а во кати Стојан Андриевски.
– Балканското првенство, кое ќе се одржи од 22 до 24 септември, всушност ќе претставува увертира и секако нов предизвик за македонското карате како најтрофеен спорт пред настапот на Светското првенство. До заминувањето за Будимпешта во план ни се подготовки во Охрид и во Дојран – вели селекторот Кузмановски.
Македонското карате досега на светските првенства освои два поединечни медала, и тоа бронзен на Жарко Арсовски на СП во Белград во 2010 година и сребрен на Емил Павлов во Дубаи на СП 2021. Г.И.


МАКЕДОНИЈА НА СП 2023

БОРБИ
Михаела Мишовска (до 50 кг)
Јована Георгиева (до 55 кг)
Вероника Костовска (до 61 кг)
Ангела Мојсовска (до 68 кг)
Бојана Манева (над 68 кг)
Матеј Белистојаноски (до 60 кг)
Емил Павлов (до 67 кг)
Мурсел Мисини (до 75 кг)
Петар Спасеновски (до 84 кг)
Берат Јакупи (над 84 кг)

КАТИ
Мартина Арсовска
Давид Спасовски