Фото: Архива

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски (1.153 на АТП-листата) го совлада Гркот Петрос Циципас (рангиран на 790 позиција) со 2-1 во сетови, во првото квалификациско коло од фјучерс-турнирот што се игра во Анталија, Турција.

Петрос Циципас (21) е помладиот брат на далеку попознатиот Стефанос Циципас (23), финалистот на Ролан Гарос од минатата година и моментно четврти тенисер на светот.

Турнирот во Анталија се игра на земјена подлога и е со вкупен награден фонд од 25 илјади долари.