Македонскиот маратонец Дарио Ивановски, го заврши учеството во машкиот маратон на 69. место на Олимписките игри во Париз.
Ивановски, кој е првиот македонски маратонец во олимписката историја, ја мина целта со време од 2:28:15.
Тој е последниот македонски претставник кој настапи на Олимписките игри во Париз. Пред него својот олимписки настап го завршија Милјана Рељиќ во теаквондо, борачот Владимир Егоров, џудистот Еди Шерифовски, стрелачката Анастасија Мојсовска и пливачот Никола Ѓуретановиќ.