Балканската одбојкарска асоцијација разгледа планови за претстојните активности
На маргините на 47. конгрес на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) во италијанскиот град Милано, Балканската одбојкарска асоцијација (БВА) одржа состанок на кој присуствуваа претставници од сите национални федерации членки на БВА, 11. Со состанокот претседаваше генералниот секретар на БВА, Нилуфер Шимонски, а од Македонија присуствуваа претседателот на Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ), Патар Јовановски, и генералниот секретар Филип Деспотовски.
Учесниците ги разгледаа активностите спроведени во текот на 2026 година и разговараа за плановите за претстојните натпреварувања. Членовите беа информирани и дека Генералното собрание на БВА ќе се одржи во јануари 2027 година, најверојатно во Атина (Грција). Информации за датумот и местото на неговото одржување ќе бидат објавени дополнително.
Состанокот во Милано претставуваше уште една можност за балканското одбојкарско семејство, во кое припаѓа и Македонија, да сподели искуства, да ја зајакне соработката и да ги координира следните чекори за развој на одбојката во регионот, информираат од БВА. Г.И.
РАКОМЕТ – КЛУПСКО СП 2026
Барселона и Веспрем одново играат меѓу себе за светската титула
Барселона (Шпанија) и Веспрем (Унгарија) вечерва (20 часот) ќе играат во финалето на клупското Светско првенство (СП) за ракометари, кое се игра во Египет, пишува Светската ракометна федерација (ИХФ). Годинашното клупско СП е 19. по ред.
Двата тима се сретнаа во финалето и во минатогодишното издание на клупскиот ракометен мундијал, исто така одигран во Египет, кога победи Барселона, по продолженијата.
Барселона е најтрофејна екипа во ова натпреварување, со шест планетарни трофеи (славеше и во 2013, 2014, 2017, 2018 и 2019 година). Веспрем има една светска титула, освоена во 2024 година. Н.М.
ФУДБАЛ – ЛИГА НА НАЦИИТЕ
Гостинските репрезентации беа уште поуспешни во второто коло
Продолжи доминацијата на гостинските репрезентации во фудбалската Лига на нациите, по мечевите од второто коло. Во првото коло гостите освоија вкупно 41 бод, а во второто три бода повеќе.
Вкупно, по првите две одиграни кола гостинските селекции на 52 натпревара забележаа 24 победи, 13 нерешени и 15 порази. По првите две кола во петтото издание на Лигата на нациите, со максимален ефект од по две победи се вкупно 10 репрезентации, и тоа Франција, Грција, Шпанија, Португалија (лигата А), Швајцарија, Австрија, Шведска (лигата Б), Албанија, Црна Гора и Словачка (лигата Ц).
Вчера беше слободен ден во оваа репрезентативна пауза, а од денеска следуваат уште две кола во новата сезона на ова континентално натпреварување. Н.М.
ЛИГА НА НАЦИИТЕ, 3. КОЛО, ДВОЈКИ
Лига А
Грција – Холандија 20.45 ч.
Германија – Србија 20.45 ч.
Данска – Португалија 20.45 ч.
Велс – Норвешка 20.45 ч.
Белгија – Турција утре, 20.45 ч.
Франција – Италија утре, 20.45 ч.
Хрватска – Англија сабота, 18 ч.
Шпанија – Чешка сабота, 20.45 ч.
Лига Б
Р. Ирска – Австрија 20.45 ч.
Израел – Косово 20.45 ч.
Унгарија – Грузија утре, 20.45 ч.
Украина – С. Ирска утре, 20.45 ч.
БиХ – Шведска утре, 20.45 ч.
Полска – Романија утре, 20.45 ч.
Македонија – Шкотска сабота, 20.45 ч.
Швајцарија – Словенија сабота, 20.45 ч.
Лига Ц
Казахстан – Молдавија утре, 16 ч.
Кипар – Ерменија утре, 18 ч.
Летонија – Црна Гора утре, 18 ч.
Фарски О. – Словачка утре, 20.45 ч.
Финска – Албанија сабота, 15 ч.
Белорусија – Сан Марино сабота, 18 ч.
Естонија – Луксембург сабота, 18 ч.
Исланд – Бугарија сабота, 18 ч.
Лига Д
Азербејџан – Луксембург 18 ч.
Малта – Гибралтар 20.45 ч.
































