Федерација на коњички спортови на Македонија

Според план-календарот за натпревари за 2023 година на Федерацијата за коњички спортови на Македонија, на теренот на коњички клуб Анималс од Скопје, во скопската населба Дрма, близу Идризово, денескa се одржа вториот Мајски коњички турнир и првото коло (од предвидените три) од Отворено првенство на Македонија во дресурно јавање за годинава. На програмата беа три натпревари, и тоа во категориите А, М и во ЛМ, со избор на слободна програма и музика во времетраење од 3-4 минути.

Во категорија ЛМ, победи Леонода Гроздановска со грлото „Џилдан“ од клубот Анималс, втора беше Сандра Маслинко со грлото „Еландо“ од Анималс, а трета Кристина Антовска со грлото „Дон Октавиан“ исто така од клубот Аималс.

Во категорија М, прва беше Лиа Кајев со грлото „Аполо“ од Анималс, пред Ева Крстовска со грлото „Војвотка“ од Анималс и Матеа Димовска со грлото „Ивора“ од Анималс.

И во категоријата А, триумфираше Ева Крстовска со грлото „Доктор Ди“ од клубот Анималс. Г.И.