Фото: Маја Јаневска-Илиева

ВТА-ЛИСТА

Лина Ѓорческа се врати меѓу најдобрите 200 тенисерки на ранг-листата на Женската тениска асоцијација (ВТА), откако од вчера е на 186-та позиција. Нејзиниот најдобар пласман во кариерата е на 170-то место, остварен во јуни 2017 година.
Најдобрата македонска тенисерка забележа напредок на листата за 30 места во однос на претходното рангирање на ВТА, откако во неделата го освои трофејот на турнирот во Куршумлиска Бања (Србија), кој се играше на земјена подлога и за вкупен награден фонд од 40.000 долари.
Тоа за неа беше 13-та титула во поединечна конкуренција, а вкупно 60-та во кариерата, според податоците на Интернационалната тениска федерација (ИТФ). Ѓорческа има и 47 трофеи од турнири во двојки, од кои два се освоени годинава (во Германија и во Хрватска).
На врвот на ВТА-листата е Арина Сабаленка (Белорусија), а потоа следуваат Ига Швјонтек (Полска), Коко Гауф (САД), Џесика Пегула (САД), Елена Рибакина (Казахстан)… Н.М.