Ако функционира, мора да се стави на болидите што е можно побрзо. А ако не функционира, не треба да се ставаме во ситуации да се тркаме во услови кога не можеме да видиме. Можам да се потсетам на многу трки во кои едноставно не можете да видите ништо кога сте зад друг болид, а тоа е крајно опасно. Не треба да се тркаме во такви услови, вели возачот на Астон Мартин, Ленс Строл
Возачите на Формула 1 го поддржаа тестирањето на уред чија цел е да го намали прскањето за време на дожд од болидите и рекоа дека трките не треба да се почнуваат ако видливоста е лоша, пишува „Би-би-си“.
Мекларен и Мерцедес ќе вршат тестирање на таков уред на патеката во Силверстоун на 13 јули, пишува „Би-би-си“.
– Време е. Како возачи, со години кажуваме дека треба да се направи нешто – вели возачот на Мекларен, Ландо Норис.
За викендов се предвидува дожд за трката за големата награда на Велика Британија. Норис додаде дека слабата видливост на влажно време е „најголемата грижа за безбедноста во Ф1“.
– Кое е следното нешто што најмногу може да ја подобри безбедноста? Тоа е всушност да можеме да видиме каде одиме. Тоа понекогаш помага. Со нетрпение го очекувам. Правам тест за да видиме колку ќе биде добро. Ако не функционира, треба да се направи нешто друго за да се најде решение – вели Норис.
Други возачи на денот на медиумите пред трката во Силверстоун дека изјавија, без разлика дали уредот за заштита ќе работи, официјалните лица треба да ги кренат своите граници за прифатливи услови во кои трките може да стартуваат на влажно време.
– Не треба да почнуваме трки во која било категорија ако во основа не гледаме – вели Валтери Ботас од Алфа Ромео.
Модерните Ф1-болиди произведуваат поголема надолна сила од кога било досега и моќта на аеродинамиката на болидите значително го влошува количеството на прскање што тие го произведуваат, пишува „Би-би-си“.
– Ако уредот функционира, мора да се стави на болидите што е можно побрзо. А ако не функционира, не треба да се ставаме во ситуации да се тркаме во услови кога не можеме да видиме. Не можеме да видиме ништо на тешко влажно време.
Можам да се потсетам на многу трки во изминатите неколку трки во Ф1 во кои едноставно не можете да видите ништо кога сте зад друг болид, а тоа е крајно опасно. Ако некој има инцидент пред вас и е странично на средината на патеката и не можете да видите каде одите, во такви услови не треба да се тркаме – вели возачот на Астон Мартин, Ленс Строл. Н.М.