На теренот Хиподром на скопскиот коњички клуб Илинден во скопската населба Маџари, вчера се одржа вториот „Септемвриски коњички турнир“, односно последното четврто коло од Лига-првенството на Македонија во прескокнување на пречки со коњи за 2022 година. Имаше три натпревари со висина на пречките 0,9-1,1 и 1,2 метар ширина.
Во првиот натпревар „Избери го својот пат“ со висина на пречките 1/1,1 м., победи Петар Милошевски со грлото „Надја“ од КК Бравадос, пред Сиља Дуковска со грлото „Најтингел“ од КК Илинден, додека трет беше Дарио Гроздановски со грлото „Прешес“ од КК Анималс.
Во натпреварот „Поголеми и побрзи“ со висина на пречките 1,1/1,2 м., триумфираше Дарио Гроздановски со грлото „Силвано“ од КК Анималс, пред Самир Реџепи со грлото „Коку“ од КК Илинден и Леонида Гроздановска со грлото „Кардино“ од КК Анималс.
Во третиот натпревар „Дебитанти“ со висина на пречките 0,6/0,9 м., сите што го завршија скокањето го делат првото место, а тоа се: Матеа Димовска со грлото „Прешес“ од КК Анималс, Горан Атанасовски со грлото „Чарли“ од КК Илинден и Лидија Бјурневал со грлото „Прешес“ од КК Анималс.
Денеска пак, на истиот терен во Хиподром, но во организација на клубот Вивакс, се одржа вториот „Септемвриски коњички турнир“, како и второто коло од Купот на Македонија во прескокнување пречки за годинава. Според распоредот имаше четири натпревари во прескокнување на пречки во класите А, Б, Ц и еден ревијален натпревар, со висина на пречките 1/1,2 метар и 1,35 метар ширина.
Во класата Ц со висина на пречките 1/1,2 метар, првото место му припадна на Петар Милошевски со грлото „Надја“ од КК Бравадос, втора беше Сиља Дуковска со грлото „Најтингел“ од КК Илинден, а трета Лија Каев со грлото „Нур“ од КК Анималс.
Во класата Б со височина на пречките 1,1/1,2 м., победи Леонида Гроздановска со грлото „Кардино“ од КК Анималс, втор беше Самир Реџепи со грлото „Коку“ КК Илинден, а гтрет Дарио Гроздановски со грлото „Силвано“ од КК.Анималс.
Во класата А со висина на пречките 1,15/1,25 м., најдобар беше Самир Реџепи со грлото „Коку“ од КК Илинден, втор заврши Дарио Гроздановски со грлото „Силвано“ од КК Анималс, додека трета беше Леонида Гроздановска со грлото „Кардино“ од КК Анималс.
Во натпреварот „Дебитанти“ со висина на пречките 0,6/0,9 м., сите што го завршија скокањето го делат првото место, а тоа се: Цветанка Георгиев со грлото „Чарли“ од КК Бравадос, Матеа Димовска со грлото „Прешес“ од КК Анималс и Горан Атанасовски со грлото „Чарли“ од КК Илинден.
По одржувањето на петото и шестото коло од Првенството на Македонија, натпреварите во дресура и третото коло од Купот на Македонија, ќе бидат познати и победниците во генералниот пласман за годинава. Г.И.