МОТОЦИКЛИЗАМ

Мошне интересна беше вчерашната трка за големата награда на Индонезија, која изобилуваше со многу драматика и изненадувачки резултати во серијата Мото ГП во мотоциклизам. На крајот, сепак, на победничкиот пиедестал се искачи актуелниот шампион во мотоциклизам, Италијанецот Франческо Бањаја.
Како прв во шампионатот и лидер на трката, Шпанецот Хорхе Мартин од својот мотор во 13-от круг и со тоа му го отвори патот на најголемиот ривал до неговата победа и експресно враќање на првото место. А Бањаја секако го искористи тоа, кој иако тргна од 13-та позиција, сепак прв помина низ целта, со што го зачува лидерското место во генералниот пласман.
Возачот на Дукати, Хорхе Мартин, се сметаше за главен фаворит на трката, брзо се проби на чело и водеше сѐ до неочекуваниот пад, кога загуби контрола врз својот мотор.
Со тоа предноста што ја стекна на спринт-трката претходниот ден наеднаш исчезна. Тоа го искористи Бањаја, кој максимално ја искористи укажаната можност, постепено грабајќи на чело на трката. Второто место му припадна на Маверик Вињалес, а третото на Фабио Квартараро.
Во генералниот пласман повторно лидерската позиција ја презеде Бањаја со вкупно 346 поени, Мартин сега има 328, а Бецеки 281. Следната трка се вози во Австралија. Г.И.