Поранешни и сегашни тенисери и тенисерки се собраа во хуманитарна мисија за да ѝ помогнат на една париска болница за време кога владее пандемија на коронавирусот. Иницијативата беше на поранешниот играч Шарл-Антоан Брезак, а со поддршка од Тениската федерација на Франција. Голем број тенисери понудија дел од својата тениска опрема и реквизити на онлајн-аукција, на која беа собрани вкупно 81.040 евра. Некои легендарни тенисери, како што се Анри Леконт, Ги Форже и Амели Морезмо, дури понудија и часови за тенис, а помладите играчи, како Ришар Гаске, Жо-Вилфред Цонга, Лук Пуј, Каролин Гарсија и Пјер-Уго Ербер, ги донираа своите рекети и тениска облека со кои ги освоија најголемите трофеи на своите натпреварувања. Аукцијата понуди повеќе од 100 тениски реквизити, за кои стигнаа 8.670 понуди.