Фото: МОК

Дејан Георгиевски се пласираше во полуфиналето на турнирот во таеквондо на Летните олимписки игри во Токио.

Македонскиот репрезентативец го победи Сејду Гбане од Брегот на Слоновата Коска со резултат 9-4, во четврт-финалето во категоријата над 80 килограми.

Георгиевски во полуфиналето ќе се бори со Дон Кио Ин од Јужна Кореја (од 9.45 часот, пренос на МТВ).