Бидејќи растев како навивач и живеев во различни епохи, ја гледав доминацијата на Михаел Шумахер и знам како е, вели Хамилтон
Луис Хамилтон вели дека ако тој беше обожавател на Формула 1, гледајќи како победува ист човек, тоа можеби дури и ќе го испратело да спие, пишува „Ројтерс“.
– Бидејќи растев како навивач и живеев во различни епохи, ја гледав доминацијата на Михаел Шумахер и знам како е – вели Хамилтон, сочувствувајќи со навивачите по неговата петта победа, во трката за големата награда на Белгија во неделата, од вкупно седум трки сезонава.
Британецот освои пет од претходните шест титули, а сега со 47 бода предност пред Макс Ферстапен е на пат да го изедначи рекордот на Шумахер од седум титули. Хамилтон има и 89 победи на трки во Формула 1, две помалку од рекордот на Шумахер.
– Бев тинејџер, го гледав почетокот на трката, потоа заминував на спиење и се будев за да го видам крајот – се сеќава Хамилтон на деновите помеѓу 2000 и 2004 година, кога ја гледал доминацијата на Шумахер, додавајќи: – Ако гледав денес, најверојатно ќе го сторев истото и ќе ги гледав само главните моменти, затоа што е многу пократко – додава низ смеа Хамилтон, пренесува „Ројтерс“.