Фото: принтскрин

Натпреварите од почетните две кола во трите европски клупски натпреварувања од новата сезона во Лигата на шампиони, Лига Европа и Конференциската лига, донесе рекордна посета на стадионите од околу 2.5 милиони гледачи, објави УЕФА. 

Најголема посета во првото коло донесе дуелот од Лигата на шампиони меѓу Борусија Дортмунд и Копенхаген, кој од трибините го следеле 71.000 гледачи. 

Рекордот во второто коло, исто така, го држи германски клуб во Лигата на шампиони. 

Натпреварот меѓу Баерн Минхен и Барселона, како што наведе УЕФА, го следеле 75.000 гледачи