Фото: Игор Бансколиев

Црвено-жолтите треба да одиграат две пријателски средби идната недела со Грција, на гости

Селекторот Лазаров повика 22 ракометари за тест-мечевите во ноември

Селекторот на машката репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го објави списокот со 22 повикани ракометари (четворица интернационалци) и осум резерви, за претстојната недела на Европската ракометна федерација (ЕХФ), во чии рамки идната недела црвено-жолтите треба да одиграат две пријателски средби.
Мечевите се на 3 и 4 ноември со соодветната селекција на Грција на гости, како дел од подготовките за претстојното Европското првенство (ЕП) во Германија, во јануари 2024 година. Собирот на репрезентацијата е закажан в понеделник во Скопје.
Состав: голмани: Никола Митревски (Порто), Мартин Томовски (Вардар), Марко Кизиќ (Еурофарм Пелистер). Леви бекови: Филип Талески (Бенфика), Филип Кузмановски (Вецлар), Емилијан Ѓорговски (Еурофарм Пелистер). Средни бекови: Иван Џонов, Игор Ѓоргиев, Марко Митев (сите од Алкалоид). Десни бекови: Мартин Велковски, Мартин Серафимов, Давид Савревски (сите од Алкалоид), Томислав Јагуриноски (Вардар). Десни крила: Ненад Костески (Еурофарм Пелистер), Никола Костески (Талент Плзен). Леви крила: Цветан Кузманоски, Петар Атанасијевиќ (двајцата од Еурофарм Пелистер). Пикери: Жарко Пешевски (Еурофарм Пелистер), Милан Лазаревски (Вардар), Никола Маркоски, Марко Стојковиќ (двајцата од Алкалоид). Дефанзивец: Едвин Омерагиќ (Алкалоид). Резерви: Иван Галевски, Михајло Младеновиќ (двајцата од Алкалоид), Павле Атанасијевиќ, Мирче Калајџиески (двајцата од Еурофарм Пелистер), Горан Крстевски (Охрид), Михаил Аларов (Вардар), Кристијан Анастасовски (Тиквеш) и Томче Стојановски (Бутел). Г.И.