Фото: „Нова Македонија“

Пријателските дуели со Романија се на 15 и 16 март на гости

Селекторот на машката репрезентација Кирил Лазаров го соопшти списокот со ракометари за претстојната недела на Европската ракометна федерација, во која црвено-жолтите ќе одиграат два контролни дуела со селекцијата на Романија, на гости, во подготовките за баражот во мај за пласман на Светското првенство в година, со Фарски Острови. Собирот е закажан за понеделник, а пријателските дуели со Романија се на 15 и 16 март во Браила.
На списокот се 21 ракометар, од кои осум од Алкалоид, седум од Еурофарм Пелистер, тројца од Вардар и по еден од Охрид, Луги и Бенфика. Од нив, двајца се интернационалци, Филип Талески, кој игра за португалска Бенфика, и Николас Најденовски, кој игра за шведски Луги.
Состав: Голмани: Мартин Томовски (Вардар), Марко Кизиќ (Еурофарм Пелистер), Иван Галевски (Алкалоид). Леви крила: Петар Атанасијевиќ, Цветан Кузманоски (двајцата од Еурофарм Пелистер). Десни крила: Ненад Костески (Еурофарм Пелистер), Никола Стоилевски (Охрид). Десни бекови: Томислав Јагуриноски (Вардар), Мартин Серафимов (Алкалоид). Средни бекови: Марко Митев, Иван Џонов, Игор Ѓоргиев (тројцата од Алкалоид), Николас Најденовски (Луги, Шведска). Леви бекови: Филип Талески (Бенфика, Португалија), Филип Кузмановски, Павле Атанасијевиќ (двајцата од Еурофарм Пелистер). Пикери: Жарко Пешевски (Еурофарм Пелистер), Милан Лазаревски (Вардар), Марко Стојковиќ, Валентин Карасманакис (двајцата од Алкалоид). Дефанзивец: Едвин Омерагиќ (Алкалоид). Г.И.