Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски, го објави списокот со ракометарки на кои смета за неделата на Европската ракометна федерација (ЕХФ), во која се предвидени две контролни средби, со Австрија во Бреганц, на 28 и 29 септември. На списокот има 21 име, од кои 15 се интернационалки (од девет клуба), најмногу од Романија (шест), а другите шест се од три домашните клуба, Ѓорче Петров, Металург и Чаир. Собирот на македонските ракометарките е закажан за 23 септември во Скопје.
Состав: Јована Мицевска (Слатина, Романија), Матеа Чурлиновска (Ѓорче Петров), Драгана Петковска (Салерно, Италија), Јована Саздовска (Слатина, Романија), Сара Ристовска (Рапид Букурешт, Романија), Ивана Гакидова (Слатина, Романија), Ивана Џатевска (Варда Кезилабда, Унгарија), Ивана Арсениевска (Униреа, Романија), Александра Коловска (Металург), Симона Маџовска (Звикау, Германија), Леонида Гичевска (Лиабилити компани, Русија), Ангела Јанкуловска (Славија Прага, Чешка), Ива Младеновска (Брест, Франција), Ана Марија Коларовска (Ѓорче Петров), Јована Кипријановска (Самбре, Франција), Андреа Седлоска (Локомотива, Хрватска), Емилијана Ризоска (Ѓорче Петров), Борјана Коцева (Металург), Марија Тасевска (Униреа, Романија), Сара Стефановска (Јагодина, Србија), Теодора Дуковска (Чаир). Г.И.