СП ВО РАКОМЕТ ЗА ЖЕНИ

Актуелниот женски ракометен првак, Норвешка, со убедлива победа во групата Ц над селекцијата на Гренланд изразена со 32 гола разлика (43-11) ја почна одбраната на титулата на 26. Светско првенство (СП) во Данска, Норвешка и во Шведска, со вкупно 32 селекции. Ракометарките на Гренланд во првиот дел постигнаа само четири гола. На овој натпревар одигран во Ставангер, од сите четири на првиот ден, имаше и најмногу гледачи (3.345).
Во вториот натпревар од оваа група, во докрај неизвесен меч, Австрија ја совлада Јужна Кореја со 30-29. Победничкиот погодок го постигна Катарина Панџа во последната секунда од удар од седум метри. Во групата Г, очекувано Шпанија убедливо славеше на дуелот Казахстан, со 34-17. Во вториот дуел од истата група, Украина го победи Бразил со 35-20.
Во првите мечеви од првото коло беа постигнати вкупно 219 гола или 54,7 во просек по натпревар. На ова СП, репрезентациите се поделени во осум групи, првите три селекции од секоја група ќе се пласираат во главната групна фаза, а преостанатите ќе играат во Президент-купот. Г.И.