Норвешка по 25 години ја победи Шпанија, а Шведска првпат ја совлада Германија на континенталните натпреварувања. На едно коло пред крајот на втората групна фаза во групата 2, Норвешка, Шведска и Шпанија имаат по шест бода. Шведска и Норвешка во директен меч ќе решаваат за пласман меѓу четирите најдобри, а Шпанија ќе игра со Полска

РАКОМЕТ – ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО

Репрезентацијата на Шведска, пак, првпат ја совлада Германија на европските првенства (25-21) и со тоа остана во трка за пласман во полуфиналето на ова ЕП. На претходните пет дуели на европските првенства Шведска немаше победа против Германија. Шведска сега во директен меч со Норвешка ќе решава за пласман во полуфиналето. Во петтото коло, Шпанија ќе игра со Полска.
Актуелниот европски првак Шпанија, по 25 години претрпи пораз од селекцијата на Норвешка на европските првенства во ракомет, поточно од 1997 година. Тоа се случи во втората фаза од групата два, од натпреварите на Европското првенство (ЕП), кое е во тек во Унгарија и во Словачка. Норвешка победи со 27-23.

Ова е истовремено и прв пораз по 17 одиграни средби во низа на Шпанија на европските првенства, со што се закомплицира ситуацијата во оваа група, за тоа кои две репрезентации ќе се пласираат во полуфиналето. На едно коло пред крајот на втората групна фаза во групата 2, Норвешка, Шведска и Шпанија имаат по шест бода.
Репрезентацијата на Шведска, пак, првпат ја совлада Германија на европските првенства (25-21) и со тоа остана во трка за пласман во полуфиналето на ова ЕП. На претходните пет дуели на европските првенства, Шведска немаше победа против Германија. Шведска сега во директен меч со Норвешка ќе решава за пласман во полуфиналето. Во петтото коло, Шпанија ќе игра со Полска.
Холандија соопшти дека има нови четворица позитивни на коронавирусот, од нив тројца играчи, меѓу кои и ефикасниот Кеј Смитс. Во изолација е и селекторот Ерлингур Ричардсон, кој повторно е позитивен.