Фото: Фејсбук/РФМ

Женската ракометна репрезентација на Македонија со убедлив триумф над Азербејџан од 40-17 во Скопје ги почна квалификациите за пласман на Европското првенство в година.

Избраничките на селекторот Кристијан Грчевски беа супериорни и сите дилеми околу победникот ги решија по првиот дел во кој стекнаа водство од 23-10.

Најефикасни во македонскиот состав беа Саздовска и Седлоски со по седум голови.

Во рамки на второто коло во квалификациската група 5, македонската репрезентација в недела гостува во Литванија, по што квалификациите ќе ги продолжи во февруари со дуелите на домашен и гостински терен против главниот фаворит во групата Шпанија.

Пласман на ЕП, чиј домаќини ќе бидат Унгарија, Австрија и Швајцарија, ќе обезбедат двете најдобропласирани репрезентации во осумте квалификациски групи, како и четири најдобро третопласирани селекции.

ЕП 2024 ќе биде прв континентален турнир на кој ќе настапат 24 репрезентации.