Фото: РФМ

Македонската машка ракометна репрезентација попладнево загуби во дуелот со фаворитот Холандија со 37-32 (18-15) во вториот натпревар на Светското првенство што се игра во Хрватска, Данска и Норвешка.

Избраниците на Лазаров во големи дел од натпреварот целосно му парираа на фаворитот, но како клучно за победата на Холандија се издвојуваат многуте загубени топки кои противникот знаеше да ги материјализира и со брза и ефикасна транзиција резултатски да профитира и да ја задржи контролата врз резултатот.

Македонските репрезентативци и денес покажаа борбен карактер и дадоа се од себе за резултатски да се вратат во игра, но тука беа данските судии кои со бројни исклучувања и пенали за противниците се погрижија Холандија сигурно да го зачува резултатот до крајот на мечот.

Најефикасни во македонскиот состав беа капитенот Филип Кузмановски со девет и Мартин Серафимов со шест гола, а кај Холандија Тен Велде реализираше 11 погодоци.

Македонија во недела во 18 часот го игра последниот дуел од групната фаза со селекијата на Гвинеја, во кој реми или победа ќе значат пласман на македонската репрезентација во главната рунда од овој светски шампионат, кој што исто така ќе се игра во Вараждин.