Капитенот Кирил Лазаров нема да биде во составот на ракометната репрезентација на Македонија на Европското првенство, откако се повредил на вчерашниот тренинг, објави РФМ.

Според првичните информации по прегледите од медиционскиот тим на репрезентацијата, станува збор за повреда на спојот на два мускула на левата потколеница која бара мирување од три недели.

Лазаров на денешниот меч против Словенија во Дебрецин (18 часот) ќе ја има само улогата на селектор, а веројатно ќе ги пропушти и преостанатите дуели од групната фаза против Црна Гора и Данска.